Select Page

Дехидратацијата предизвикува малаксаност и запек, а може да биде и опасна по живот

Дехидратацијата предизвикува малаксаност и запек, а може да биде и опасна по живот

 

Доколку сте жедни, тоа значи дека сте дехидрирале и дека на вашиот организам под итно му е потребна течност. Сепак, ова не е единствениот знак дека на вашето тело му треба вода.

Дехидратација се случува кога вашето тело побрзо ја троши течноста отколку што ја добива.

Ова се некои од симптомите дека сте дехидрирани:

  • Грчеви во мускулите – Кога губите течности, мускулните влакна праќаат сигнал до мозокот дека нешто не е во ред и почнуваат да се грчат. Исто така, и кога вежбате се губат течности и се создава дисбаланс на електролитите во мускулите.
  • Се зголемува желбата за слатки – Црниот дроб ја користи водата за да функционира и да ги извршува своите задачи во кои спаѓа и отпуштање на гликогенот. Ако црниот дроб не го добие своето гориво, тогаш не може да функционира како што треба и целиот систем се нарушува. Тогаш добиваме потреба да јадеме, посебно слатка храна. Тоа е уште еден од знаците дека на телото му треба вода.
  • Се чувствувате малакасни и ви се врти – Доколку вашето тело е доволно хидрирано, тогаш и крвниот притисок е нормален. Во моментот кога му недостасува течност крвниот притисок опаѓа и чувствувате малаксаност и вртоглавица.
  • Поретко одите во тоалет – Доколку не внесувате доволно течности нема да одите често во тоалет, а доколку не внесувата подолго време течност, тоа ќе се осети и на бешиката. Под нормални услови може да се оди во тоалет на секои 2-3 часа, но со недостаток на течности тоа може да се пролонгира на повеќе од 8 часа. Со ова го доведувате организмот во состојба да продуцира калцификати во бубрезите.

 

Наши пријатели

Патување низ времето

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.