Потребни состојки:
6-7 чаши вода (или 4 чаши бујон од зеленчук плус 2 чаши вода)
1/2 исечкан црвен кромид
2 чешниња ситно исечкан лук
3 стапчиња исечкан целер
3 исечкани моркови
1 помала главица брокула, разделена на ситни цветчиња
1 чаша исечкан патлиџан
1 лажица свеж ѓумбир, излупен и ситно исечкан
1 лажичка куркума во прав
1/8 лажичка црвен пипер, или колку сакате по вкус
сол и бибер по вкус
2 чаши кељ исечкан или искинат на парчиња
1 чаша виолетова зелка, исечкана
сок од 1/2 мал лимон (или колку сакате, по вкус)
Начин на подготовка:
- Во големо тенџере на средна температура ставете 1/4 чаша вода или бујон од зеленук. Кога водата ќе се сврели, во неа ставете ги кромидот и лукот да крчкаат две минути, со повремено промешување.
- Додајте ги целерот, морковите, брокулата, патлиџанот и ѓумбирот. Додајте уште 1/4 чаша вода (или бујон) и гответе го зеленчукот со постојано мешање околу три минути. Потоа додајте ја куркумата, црвениот пипер, сол и бибер по вкус.
- Сипете го во супата остатокот од течноста и откако ќе зоврие, намалете ја температурата. Супата нека врие уште 10-15 минути или додека да омекне зеленчукот. Кељот, зелката и лимоновиот сок додајте ги во последните 3-4 минути од вриењето. Супата послужете ја додека е топла.
На здравје!