Детаљ кој открива дали сте среќни во бракот

Кликнете на копчето "Сподели" и другите да го прочитаат написот.
  •  
  •  

Бројот на облеката што ја носите може да биде показател на состојбата во бракот. Ако не ве собираат фармерките што сте ги носеле пред да се венчате, може да се сметате себеси за среќни.

Не е новост дека младите брачни парови се дебелеат во текот на првите години во бракот, но сега е и научно објаснето зашто е тоа така.

На Универзитетот Central Queensland спровеле истражување во кое учествувале над 15000 испитаници, во кое резултатите покажале дека паровите се здебелуваат заради тоа што се среќни. Се здебелуваат дури и покрај тоа што се хранат здраво.

“Среќните парoви се хранат поздраво, но се дебелеат повеќе отколку оние парови кои имаат несреќен однос. Тоа го потврдија резултатите од нашето истражување”, вели авторката на студијата, Стефани Шеп.

Среќните парови имаат претежно слични особини – не пушат, не јадат фаст фуд, не користат опијати, но причината заради која се здебелуваат е количината на храна која ја јадат. Истражувањето покажало дека јадат многу повеќе отколку што им е потребно.

“Среќните брачни парови се опуштени и не мора да се грижат за својот изглед, затоа што крај себе имаат личност за целиот живот”, додава Шеп. Таа сепак им советува на среќните брачни парови да почнат да вежбаат за да ги држат и фигурата и здравјето под контрола.

“Кога ќе се венчате за вистинската личност и сте спокојни, сосема е нормално да ставите некој килограм плус. Од друга страна, ако сте во несреќен брак, на пример со личност која ве изневерува, тогаш сте нервозни, губите енергија и нормално е да губите и килограми”, објаснува една од учесничките во истражувањето.