Забава

Десет занимливости кои не сте ги знаеле за Ирска

 

 

Ирска е европска држава, која заради восхитувачката убавина ја нарекуваат смарагден остров.

Ви претставуваме десет помалку познати факти за оваа прекрасна земја.

  1. Даблин се гордее со фактот дека има еден паб на секои 100 жители на овој ирски главен град. Најстариот ирски паб – Шоновиот бар – се наоѓа во градот Алтон, а се верува дека потекнува од 900-та година.
  2. Просечниот Ирец секоја година пие 95 литри пиво, што ја сместува Ирска на шестото место за најголеми консументи на пиво. Повеќе пиво се пие во Чешка, Германија, Австрија, Естонија и Полска.
  3. Мај, во просек, е најсувиот месец во годината. Ова е корисен податок за оние кои планираат да ја посетат оваа преубава земја.
  4. Ирците, по пензионирањето, најчесто одат на Канарските Острови.
  5. Ирска има најмал број на пријавени забележувања на неидентификувани летечки објекти (НЛО) на небото, од сите европски земји.
  6. Белата куќа во Вашингтон ја дизајнирал ирскиот архитект Џејмс Хобан, кој потекнува од местото Калан во областа Килкенија, а во САД емигрирал по завршувањето на американската војна за независност.
  7. Ирска, во 2001 година, била првата земја во светот која вовела данок на пластичните ќеси кои се набавуваат во продавниците и во супермаркетите.
  8. Маканагедердохолија (Muckanaghederdauhaulia) е крајбрежно гратче во грофовијата Галвеј, кое ја носи титулата за место со најдолго име во Ирска.
  9. Дришин е ирско национално јадење. Станува збор за крвавица која се прави од свинско месо, кравја, овча и свинска крв, леб, овесни снегулки и маснотија.
  10. Поимот “бојкот” доаѓа од капетанот Џејмс Бојкот. Прв пат официјално е употребен во статија на списанието Интер-оушн, на 12 октомври 1880 година.

 

 

Слични написи

УНЕСКО ја заштити реге музиката како дел од светското културно наследство

Biba

Имот во Единбург стана најпопуларниот имот во Англија

Biba

Колку пари ви се потребни за да бидете среќни?

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.