По повод 9 мај, Денот на Европа, во Скопје ЗОО денеска со почеток во 13 часот за првпат ќе се одржи Детски зоо маратон, кој се надеваме дека во иднина ќе прерасне во традиција. Маратонот е организиран во соработка со Агенцијата за млади и спорт, Атлетската федерација на Македонија, како и Град Скопје.
Во ботаничката градина во Зоолошка градина Скопје ќе се одржат четири трки на кои ќе учествуваат 200 деца. Целта на настанот е пред сè едукација за придобивките од спортот и рекреацијата уште од мали нозе.