Тема на овогодинешната кампања за Светскиот ден на срцето 2018, е “Мое срце, Твое срце”. Твоето срце е моторот на твоето тело – затоа е важно да се грижиш за него. Но, грижата за твоето срце не е секогаш лесно да се постигне.
Светската Федерација на Срцето бара од луѓето оваа година да дадат ветување за срцето – посветеност кон менување на животните навики со цел да ги одржиме нашите срца здрави. Бидејќи секое срцебиење е важно.
Преку тимска работа со пријателите, семејството и колегите, можеме да си помогнеме едни на други во постепено менување на животните навики кои можат да имаат големо влијание на здравјето на нашето срце, но и на здравјето на срцето глобално.
Редовно вежбање, здрава и балансирана исхрана, умерено пиење алкохол и престанување со пушење, може да превенира развивање на кардиоваскуларни заболувања. Доколку се поддржуваме и охрабруваме едни со други, поголема е веројатноста дека ќе почнеме да ги менуваме навиките и дека ќе го одржиме своето сопствено ветување кон срцето.
Да бидеме физички поактивни: за одржување на активен животен стил, возрасните треба да целат кон најмалку 30 минути физичка активност, 5 пати неделно.
Балансирана исхрана: многу од продуктите за исхрана и пиење содржат високи количини на маснотии, сол и/или шеќер. Треба да целиме кон јадење на поголеми количини зеленчук и овошје и да го намалиме внесот на брза храна, процесирани и засладени пијалоци.
Откажување од пушење цигари: Откажувањето од цигари го намалува ризикот од развој на кардиоваскуларни заболувања, но исто така го намалува и влијанието на второстепено загадување со дим од цигари на непушачите. Лицата треба да побараат професионална помош за поддршка на откажување од пушење.
Умерено пиење алкохол: Кога се конзумира во големи количини, алкохолот може да придонесе кон развивање акутни и долгорочни проблеми со здравјето. Но, доколку се конзумира умерено, алкохолот може да придонесе кон подобрување на социјалните искуства.
https://youtu.be/Rpq1aKRfoAA