Забава

Денес е роденден на првото бебе создадено со помош на ин витро фертилизација

На 25 јули 1978 година во Манчестер, Англија, малку пред полноќ, со царски рез, се родила Луиз Џој Браун. Нејзините родители Лесли и Питер Браун се подложиле на (во тоа време сè уште експерименталната) ин витро постапка заради затнатите јајоводи на Лесли, кои оневозможиле на друг начин да се постигне бременост. Откако медиумите дознале за нејзината бременост, парот се соочил со интензивна јавна критика и осуда. Раѓањето на малечката Луиз ги полнело свeтските насловни страни и предизвикало лавина од правни и етички прашања.

Браунови, и втората ќерка Натали ја добиле со помош на ин витро неколку години подоцна. Во мај 1999 година, Натали станала првото бебе “од епрувета”  кое добило свое дете по природен пат, намалувајќи ја загриженоста дека децата зачнати со ИВФ нема да можат да добијат потомство на природен начин. Во декември 2006 година и Луиз Браун го доби своето прво дете по природен пат, синот Камерон Џон Мулиндер.

Денес ИВФ се смета за главна медицинска постапка во лечењето на неплодноста. Илјадници деца ширум светот се родени со помош на оваа постапка, некои дури и со донирани јајни ќелии и сперматозоиди.

Слични написи

Што се случува со автомобилските гуми кога ќе ги наполните со вода

Biba

Во недела започнува зимското сметање на времето, ги враќаме стрелките на часовникот за еден час наназад

dart

За што сè може да се користи брашното, освен за готвење?

admin

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.