Забава

Денеска е Меѓународен ден на мачките

Мачките се меѓу најпопуларните домашни миленици. Меѓународниот ден на мачките, кој се слави на 8 август, има за цел да ги потсети луѓето колку е важно да се грижиме за нив.

Имено, мачките имаат способност да го намалат нивото на стрес и анксиозност на нивните сопственици. Сопственикот на мачка може да го намали ризикот од кардиоваскуларни болести за 30 проценти.

Меѓународниот ден на мачките се слави од 2002 година. Има неколку интересни факти за нив, а ова се некои од нив:

  • Мачките тежат во просек од 2,7 до 4,5 килограми. Женките се во просек долги 50,8 сантиметри, а мажјаците 71,1 сантиметар.
  • Енциклопедија Британика наведува дека кожата на мачката, која е составена од дермис и епидермис, брзо се обновува и има способност да се бори против инфекции.
  • Тие се движат така што прво ги поместуваат предните и задните нозе на едната страна, а потоа предните и задните нозе од другата страна. Само камилата и жирафата се движат на сличен начин.
  • Телото на мачката е исклучително еластично, бидејќи прешлените на нивниот ‘рбет се поврзани со мускули, а не со лигаменти, како што е случајот кај луѓето.
  • Мачките немаат прави заби и затоа не можат нормално да џвакаат храна. Забите им се зашилени, па со нив „сечат“ храна.
  • Тие по природа се ноќни животни. Ретината на нивните очи е особено чувствителна на светлина, поради што нивните очи може да изгледаат како да „блескаат“ ноќе.
  • Имаат зголемено чувство за допир. Нивните мустаќи и влакна на образите и врвовите на ушите се исклучително чувствителни на вибрациона стимулација.

Можеби ќе ве интересира

Гинисов рекорд за најбрза колиба на тркала во светот

Biba

Најскапа и најпопуларна туристичка дестинација во светот

Biba

Кристијано Роналдо со нова скапа играчка

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.