Денеска во 18 часот започнува „Skopje Wine Expo”

 

Од денес, па се до сабота (28.09), во Скопје традиционално ќе се одржи винскиот фестивал Skopje Wine Expo. Фестивалските врати ќе бидат отворени од 18:00, кога и ќе започне музичката програма.

Во текот на трите фестивалски денови, посетителите ќе имаат можност да дегустираат врвни вина од најпознатите македонски винарии, вински коктели како сангриа и вино мохито, деликатеси и гурмански специјалитети. На фестивалот, ќе може да се купат чаши за дегустација на вино, а влезот ќе биде бесплатен.

На првиот фестивалски ден ќе настапат Ксмет оркестар, доајените Блага Петреска и Ефто Пупиноски, брас сензацијата Брас Брадерс и српскиот поп бенд Тропико. Вториот фестивалски ден ќе го отворат Либеро Бенд во 18:00, а по нив следуваат настапите на гостите од Бугарија, Графа и Криско. Во 21:15, концерт ќе има македонската група Нокаут, а крајот е резервиран за Слаткаристика и Дј Оки Доки. На затворањето на фестивалот во сабота ќе настапат Амон Мра Бенд, проектот Тоше Проески Трибјут со Александра Јанева и Марко Логаут, со кој ќе  биде оддадена почит на нашата најголемата музичка ѕвезда, потоа следува рок групата Ареа и за крај ги слушаме најголемите хитови на Бијело Дугме со real tribute проектот од Србија.

Фестивалот е под покровителство на град Скопје.

 

 

Забрането е копирање на текстот!