Во топлите летни денови најдобро е да се јаде лесна храна која брзо се вари. Чорбите се практични и брзо се подготвуваат. Еве две чорби кои можете да ги подготвите за 30 минути.
Пилешка крем чорба
Потребни состојки:
200-300 г бело пилешко месо
200 г шампињони
морков
лук
магдонос
сол
бибер
млеко
брашно
Начин на подготовка:
- Белото пилешко месо исечкајте го колку што можете поситно и ставете го да се вари, додајте и сечкан морков и лук.
- Пред крај на варењето додајте ги и сечканите шампињони, сол и бибер. Варете ја чорбата уште неколку минути за да омекнат шампињоните.
- Направете ладна запршка: во шоља ладно млеко разматете 2-3 лажици брашно, и додајте ги во чорбата. На крајот од варењето наросете сечкан магдонос.
Доматна чорба со кнедли
Потребни состојки:
500 г испасирани домати
коцка за супа или лажичка вегета
помала главица кромид
60 г маргарин
200 г сварен и испасиран компир
2 јајца
3 лажици брашно
сол
бибер
малку целер
Начин на подготовка:
- Пропржете го ситно исечканиот кромид, додајте лажица брашно и налејте го со испасираните домати и 1 литар вода.
- Додајте зачини и лист од целер, и варете 15 минути.
- Кнедлите се подготвуваат на следниот начин: изматете маргарин, јајца, компир, 3 лажици брашно и сол. Со лажичка образувајте кнедли и ставајте ги во чорбата која се вари на тивок оган, за да не се распаднат кнедлите. Варете уште 10 минути и чорбата е готова.
На здравје!