Данска на домашен терен го победи Чиле

На вториот натпревар од стартот на Светското ракометно првенство ракометарите на Данска ги победија ракометарите на Чиле со 39:16.

Домашниот терен им беше наклонет на првиот натпревар на домаќините Германија и Данска.

Уште на самиот почеток Данците направија голема предност од 6 гола против ракометарите на Чиле. Иако Чилеанците пробаа малку да се повратат на теренот, првото полувреме заврши со резултат 22:4.

Второто полувреме Данците го играа лежерно и им дозволуваа на Чилеанците да дадат по некој гол.

Најефикасен кај Данците беше Каспер Мортенсен со 8 погодоци.

Копирањето на содржината е забрането!