Технологија

Данска и Германија ќе ги поврзе најдолгиот подводен тунел во светот

Данска и Германија ќе бидат поврзани со најдолгиот подводен тунел во светот за железнички и патен сообраќај, кој ќе биде долг 18 километри. Рокот за завршување на изградбата на тунелот е 2029 година.

Изградбата на тунелот Фемарнбелт ќе чини 10 милијарди евра и ќе ги поврзе Родбихавн на данскиот остров Лоланд и Путгарден во северна Германија. Тунелот, официјално наречен Fehmarnbelt Fixed Link, ќе има автопат и електрифицирана железница.

Патувањето со воз низ тунелот ќе трае седум минути, додека патувањето со автомобил ќе трае 10 минути. Тоа значи дека повеќе нема да морате да возите по обиколницата долга 160 километри на копното. Патувањето со воз од Хамбург до Копенхаген ќе трае три часа, наместо претходните пет.

Тунелот ќе го замени и многу зафатениот сообраќај со траект кој секоја година превезува милиони патници. Ова ќе го скрати патувањето за еден час. Планот е да се продолжат железничките линии низ овој тунел кон Шведска, Норвешка и Финска.

Идејата за поврзување на Данска и Германија со ваков тунел не е нешто ново. По 10 години планирање, неговата изградба на данската страна започна во 2020 година, а на германската страна во 2021. Европската унија обезбеди 1,1 милијарда евра за изградбата.

Тунелот ќе биде 40 метри под Балтичкото Море и ќе биде направен од 89 масивни бетонски делови кои ќе се спуштат во водата со кран. Данската државна компанија Фемерн А/С одговорна за овој проект, очекува првата делница од тунелот да биде изградена до следната година.

Одредени еколошки организации се сомневаат во влијанието на тунелот врз животинскиот свет. Споменатата компанија уверува дека тунелот значително ќе заштеди време, енергија и ќе ги намали емисиите на јаглерод диоксид (CO2), пренесува Euronews.

Related posts

Тивкиот суперсоничен авион претставен од Lockheed Martin

Biba

Футуристичка подвижна куќа која може да се движи на речиси секој терен

dart

Дигиталната претпазливост им помага на родителите да ги заштитат децата од можни закани преку интернет

admin

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.