ОРИЗОТ е продукт кој често се користи во секоја кујна. Во зависност од видот, оризот може да му обезбеди на телото многу хранливи материи, како што се витамин Б и магнезиум, како и влакна и антиоксиданси. Можете да го јадете како дел од секој оброк, од појадок до вечера, па дури и за десерт.
Се чини дека единствениот проблем со оризот е времето за готвење. Понекогаш 20 минути изгледаат како предолг период кога сакате брз оброк.
Можете ли да замрзнете варен ориз?
Краткиот одговор е да, иако има некои работи што треба да ги имате на ум за да бидете сигурни дека оризот е безбеден за јадење. Рокот на траење на варен ориз е практично ист за сите сорти, без разлика дали е бел, кафеав, црн, црвен, жолт или некоја друга. Откако ќе се свари, можете безбедно да го чувате оризот во фрижидер три до четири дена без губење на вкусот, текстурата или квалитетот. Сепак, чувањето во замрзнувач го продолжува рокот на траење на варениот ориз, што ви дава околу два месеци да го користите.
Оризот е една од намирниците што најлесно се прави во големи количини. Потоа, кога ќе имате напорен ден или ќе заборавите да пазарите за ручек или вечера, со некој брз додаток ке имате оброк.
Можете да замрзнете секаков вид варен ориз, како што е традиционален бел ориз, ориз од јасмин, кафеав ориз од цело зрно или која било комбинација од ориз и житарки, како што се ориз и киноа. Сепак, некои експерти откриле дека одредени видови ориз, како што се оризот арборио и оризот за суши, најдобро се замрзнуваат.
Можете дури и да замрзнете ориз измешан со други состојки, како месо или зеленчук, за супер едноставни оброци во замрзнувачот во текот на целата недела.
Како најдобро да се замрзне оризот
Кога имате повеќе ориз, треба што поскоро да го ставите во замрзнувач. Варениот ориз треба веднаш да се замрзне бидејќи оризот содржи потенцијално штетни бактерии кои создаваат спори наречени Bacillus cereus. Готвењето ориз ги убива бактериите, но спорите остануваат, а бактериите можат да се регенерираат ако оризот се остави надвор или внатре во фрижидер подолго време. Овие бактериски спори може да доведат до труење со храна.
Едноставни чекори за складирање на варен ориз во замрзнувач:
- За почеток, сварениот ориз наредете го во рамномерен слој на плех.
- Ставете го на хартија за печење во фрижидер и оставете го оризот целосно да се излади.
- Наредете го изладениот ориз во кеси за замрзнување. За да заштедите простор, можете малку да ги израмните кесичките со ориз, со што полесно ќе се редат.
- На секоја кесичка означете го датумот, количината на ориз и видот на оризот доколку планирате да замрзнете различни видови.
- Ставете ги кесичките во замрзнувач.