Дали Самсунг се откажува од својот Galaxy Fold

 

Иако Самсунг почна да прима нарачки за својот телефон на превиткување Galaxy Fold, сепак од менаџментот велат дека датумот на испорака е неизвсен. Дали тоа Самсунг се откажува од неговото производство?

Кога корејскиот производител на електроника пред некое време го најави телефонот со револуционерна опција на екран на превиткување, очекувањата беа огромни, но како поминува времето – плановите не се остварија според очекувањето.

Всушност, по објавите на тестните корисници во кои велат дека телефонот по одредено користење покажува проблеми со екранот, тој едноставно престанувал да работи, од Самсунг решија да “повлечат рачна кочница”.

Производителот до корисниците кои се пријавија како преткупувачи на Galaxy Fold прати мејлови во кои велат дека доколку до 31 мај не го добијат телефонот, автоматски нарачката се откажува.

Иако во мејлот појаснуваат дека работат на решавање на проблемите што се појавиле, додаваат дека официјален датум не постои сè уште.

Плановите на Самсунг да се произведат барем милион примероци од телефонот – кој според цената од 2000 долари не е воопшто ефтин – најверојатно нема да се остварат.

 

Don`t copy text!