Миленичињата влијаат најпозитивно на развојот и задоволството на децата. Тие се често најпосакуваното нешто што го имаат.
Неспорно и многу пати докажано е дека децата кои растат со миленичиња имаат посилен имунитет и многу поретко се разболуваат. Помирни се и можат да се справат со поголемо ниво на стрес.
Дружењето со миленици на децата им дава чувство на сигурност, допирот и галењето ги ослободува од стресот и го зголемува производството на хормонот на среќа. Затоа се весели и среќни.
Другиот аспект на чување милениче е и тоа што ги прави поодговорни, учат да се грижат за друго живо суштество, и кај нив ги развива социјалните компетенции, чувството на обврска, самостојноста и психичката стабилност.
Пред да се впуштите во набавка на милениче, исклучете ја секој можност од алергија што вашето дете би можело да ја има кон животното.