Технологија

Дали бојлерот троши повеќе струја кога е постојано вклучен или кога се вклучува по потреба?

Често се прашувате кога и колку време да го вклучите бојлерот и притоа да заштедите што е можно повеќе. Како да заштедите повеќе: ако бојлерот е вклучен 24 часа или ако го вклучите само за време на евтина тарифа?

Покрај заштедата, тука е и прашањето за времетраењето на „животот“ на бојлерот, но на крајот сето тоа нè води до истиот исход, а тоа е потенок паричник.

Интернет форумите се полни со совети, некои од нив ги даваат мајстори, па затоа ги споделуваме нивните препораки.

Доколку во домаќинството живее самец или само брачен пар, најдобро е да го вклучите бојлерот по потреба, додека струјата е евтина. Ако се работи за повеќечлено семејство, ќе заштедите повеќе ако бојлерот е постојано вклучен.

Исто така, зависи од тоа дали водата од бојлерот се користи само за туширање или и за кујна, па ако целата топла вода во куќата доаѓа од истиот апарат, најдобро е постојано да биде вклучен.

Што се однесува до температурата, овде важи правилото дека златната средина е најдобрата опција, па затоа треба да биде на температура од околу 55 степени Целзиусови.

Моментот кога бојлерот секогаш треба да биде исклучен е кога се бањате.

„Повеќето од нас никогаш не размислувале дали капењето со вклучен бојлер е безбедно, додека некој не се повреди. Дали може да дојде до струен удар од бојлерот? Редовниот сервис на бојлерот обезбедува да не се случи тоа“, велат упатените.

Можеби ќе ве интересира

New Horizons стигна до Ultima Thule

Biba

Турците го најавија прототипот на првиот летечки автомобил

Biba

Ултразвучен преглед со iPhone

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.