Oops! It appears that you have disabled your Javascript. In order for you to see this page as it is meant to appear, we ask that you please re-enable your Javascript!

Гушкањето има лековито дејство

Кликнете на копчето "Сподели" и другите да го прочитаат написот.
  •  
  •  

Научниците велат дека гушкањето има лековити својства, дека е многу важно за нашето ментално здравје, но и за лечење на осаменост, депресија, анксиозност и стрес.

Гушкањето делува на ослободување на окситоцин во мозокот кој може да го подигне чувството на интимност. Високото ниво на окситоцин како што придонесува за романтична приврзаност, така придонесува и за намалување на осаменоста.

Важно е да се наведе дека лачењето на окситоцин влијае на намалување на крвниот притисок и на намалување на кортизолот, хормонот на стрес, што резултира со чувство на задоволство, нежност и приврзаност.

При гушкањето се ослободува и допамин кој е одговорен за чувството на задоволство и често се нарекува хормон на среќа. Кај лицата кај кои е дијагностицирана депресија и анксиозност, обично нивото на допамин е многу ниско и докажано е дека гушкањето може да им го подобри расположението.

Истражување спроведено на Универзитетот Карнеги Мелон во Питсбург САД, покажало дека луѓето што се гушкаат имаат многу пониско ниво на стрес.