Потребни состојки:
2 големи банани (исечени на парчиња и замрзнати ако сакате погусто смуди)
22 г матена слатка павлака или јогурт
120 мл бадемово или друго млеко по ваш вкус
2 лажици мед или друг засладувач
Состојките се доволни за две лица.
Начин на подготовка:
- Сите состојки ставете ги во блендер и блендајте додека да добиете густа кремаста смеса. Ако мислите дека е премногу густо, додајте уште малку млеко и повторно изблендајте.
- Сипете го смудито во чаши и декорирајте го со тркалца банана, цимет или други состојки по ваш вкус.
На здравје!