Потребни состојки:
1 лажичка путер
1 кромид, ситно исечкан
1 патлиџан, излупен и исечкан на ситни парчиња
1 литар говедски бујон
500 г грашок (може и смрзнат)
300 г квалитетна шунка, исечкана ситно
Начин на подготовка:
- На средна температура во тенџере загрејте го путерот да се направи пена, додајте го исечканиот кромид и пржете го додека да омекне (да не потемни).
- Додајте го излупениот и исечкан патлиџан, измешајте да се соедини со путерот и додајте го бујонот. Откако смесата ќе проврие, оставете ја да крчка на тивко додека омекне патлиџанот.
- Додајте го грашокот, почекајте супата да зоврие и варете уште неколку минути.
- Тргнете го тенџерето од оган и изблендајте ја содржината со блендер додека да стане мазна. Потоа додајте ја исечканата шунка, измешајте и послужете ја супата додека е топла.
- По желба, декорирајте со парчиња пржена шунка и магдонос.
На здравје!