Потребни состојки:
500-600 г телешко месо
2 главици ситно насечкан кромид
200 мл доматно пире
250 мл говедски бујон
1 ситно исечкан патлиџан
2-3 чешниња ситно насечкан лук
2 ловорови листа
1 црвена пиперка исечена на тркалца
1 ситно насечкан морков
2-3 компири исечкани покрупно
сол, бибер, магдонос и зачини по вкус
Начин на подготовка:
- Лукот и кромидот пропржете ги во тава со масло додека лукот да пушти мирис, а кромидот да омекне. Потоа додајте го месото исечкано на парчиња, зачинете го со сол и со бибер и кратко пропржете го.
- Во месото ставете го доматното пире, додајте ги патлиџанот, морковот, говедскиот бујон и ловоровиот лист, и оставете сè заедно да зоврие.
- Потоа додајте ги компирот и пиперката и ставете го гулашот во огноотпорен сад да се пече во рерна загреана на 180 степени Целзиусови околу еден час. Ако ви е смесата многу сува и густа, пред печењето може да додадете вода колку да се покријат сите состојки.
- Послужете го јадењето додека е топло и декорирајте го со насечкан магдонос.
На здравје!