Забава

Грузиската шахистка го тужи Нетфликс за серијата „The Queen’s Gambit“

 

Грузиската шаховска шампионка Нона Гаприндашвили поднесе тужба против американската продуцентска куќа Нетфликс и тврди дека таа била погрешно прикажана во серијата „The Queen’s Gambit“.

„Во една од епизодите во кои беше прикажана во 1968 година, коментаторот наведува дека шахистката Нона Гапринадшвили никогаш не играла против мажи, и тоа не е точно“, рече адвокатот Маја Мцаријашвили, пренесува руската новинска агенција ТАСС.

Таа посочи дека нејзината работа на тужбата започнала веднаш по прикажувањето на телевизиската серија.

Тужбата беше поднесена до Сојузниот окружен суд во Лос Анџелес, а во текстот се наведува дека до 1968 година, Гаприндашвили, која била првата жена со статус на меѓународен велемајстор, играла шах со најмалку 59 мажи.

80-годишната Гаприндашвили бара отштета од 5 милиони долари и отстранување на реченицата од серијата дека никогаш не ја играла против мажи.

Во тужбата се посочува и дека таа се чувствува навредена бидејќи Нетфликс ја опишува во серијата како руска шахистка.

Можеби ќе ве интересира

Места кои се вредни за посета ако патувате во Глазгов

Biba

Пантеон во Рим и после 2000 години активно се користи

dart

Штрумфовите ќе наполнат 60 години

admin

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.