Забава

Град без автомобили

Изгледа неверојатно, но функционира. Понтаведра е град во Шпанија кој порано имал повеќе автомобили од жители, но ситуацијата се сменила и денес живеат како во рај. Наместо звуци и бучава од автомобили, се слуша црцорење на птици.

Градоначалникот на градот Мигуел Анхо Фернандез Лорес, кој е на оваа функција од 1997 година, изјавува дека имало ситуации кога пензионери, деца, мајки со колички за бебиња не можеле да се движат од густо паркираните возила. Но решил дека сето тоа може да се смени и да го направи центарот на градот без возила, а со тоа да го направи живеењето пријатно.

Возилата се користат само на периферијата од градот.

Неговата филозофија е дека никој нема право да го узурпира јавниот простор со возила и дека град без возила е рај. Заради тоа четири пати е реизбиран за градоначалник.

Град без возила, довело до драстично намалување на загадувањето на воздухот и намалување на бучавата.

Луѓето се посреќни, побезбедни и живеат во поздрава околина.

Слични написи

Принцот Џорџ наполни 5 години

Biba

Како да ги отстраните најчестите флеки од облеката

Biba

Факти за човечката крв кои сигурно не сте ги знаеле

admin

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.