Градник што разладува

 

Неверојатно високите температури ова лето ги натераа големите компании да наоѓаат најразлични начини на разладување.

Компанијата Polar products е една од оние компании кои активно се позанимаваа со начини  на разладување на човечкото тело. Во случајов станува збор за разладување на жените.

Компанијата создаде градник кој разладува дури до 14 степени Целзиусови.

Cool 58 Bra Coolers е градник чии влошки може да се вметнат во градникот, а се претходно изладени во фрижидер. Влошките се направени од материјал што трпи и високи температури, па може слободно да се перат во машина за перење алишта.

Способни се да изладат до 14 степени Целзиусови и тоа во период од 1 час.

Влошките може да се ладат во фрижидер или во ладна вода.

Во пакувањето се добива градник заедно со влошки, со тоа што жените што имаат гради поголеми од D добиваат два пара влошки, за да се покрие целата површина на градникот.

Цената на овој производ е 37 долари.

 

 

Забрането е копирање на текстот!