Потребни состојки:
2 главици ситно сецкан кромид
3-4 исецкани моркови
450 г грав
200 г чадени колбаси исецкани на тркалца или на четвртинки
1 патлиџан насецкан на парчиња
3-4 чешниња лук
1 лажица ситно исецкан целер
1 лажица исецкан свеж магдонос
сол и бибер
1/2 лажичка оригано
2 лажици масло
Количината на состојките прилагодете ја на вашиот вкус и на бројот на лица за кои готвите.
Начин на подготовка:
- Во тенџере на средна температура во загреано масло пржете го кромидот додека да омекне. Додајте ги морковите и колбасите, измешајте и пржете околу пет минути.
- Додајте вода, во неа ставете го гравот и варете го на средна температура.
- Кога гравот ќе биде половина сварен, додајте ги патлиџанот, лукот и целерот.
- При крајот на варењето ставете сол, бибер, зачини по вкус, оригано и магдонос.
- Јадењето сервирајте го топло, декорирано со свеж магдонос или изрендан пармезан.
На здравје!