„Гори“ е новата песна на Тајзи

 

„Гори“ е прва од неколкуте песни кои ќе ги чуеме оваа година од Тајзи, повторно во соработка со Балкатон продукција на Раста. Песната  е на македонски јазик, и  како и секогаш е нешто различно и автентично од нашиот артист Драган Величковски Тајзи. Последно нешто од овој тим беше „Пабло“, песна која беше вистински хит изминатата година и вртеше по радиостаниците и клубовите низ целиот Балкан.

„Гори“ е снимена во студиото на еден од најдобарите продуценти во Македонија Лазар Цветковски, кој беше награден со Златна Бубамара на популарноста за 2018 година, автор e на многу хитови на наши артисти, како и на балкански музички ѕвезди. Тој е дел и од овогодинешниот евровизиски тим на Тамара, кој нè претставуваше во Израел.

Музиката и текстот се на Тајзи, а аранжманот и мастерот на Лазар.
Спотот е во режија на Даниел Јовески, наградуван режисер, кој застанува рамо до рамо со најдобрите режисери во регионот.

„Целиот склоп на луѓе и енергии во проектот дава една убава хармонија и заразен ритам кој те тера да ја пуштиш  повторно. Спотот повторно изгледа како да не е снимен во нашата земја, а во него, покрај убавите локации, можеме да видиме неколку преубави Македонки како и жонглерската група  од Битола – Acid Triple“, вели Тајзи.
Наскоро од Тајзи може да очекуваме уште една песна на српски јазик La Bonboniera, за која ќе се снима спот во Белград, кој ќе го работи Владимир Бјелобаба од Балкатон продукција.

 

 

 

Копирањето на содржината е забрането!