Во Германија е спроведено истражување во кое 200 испитаници од три германски болници гледале во женски гради. Истражувањето траело пет години.
Половина од испитаниците гледале во женски гради, а другата половина се воздржувала од тоа. На крајот на истражувањето научниците заклучиле дека гледањето во женско деколте на дневна основа, го намалува крвниот притисок кај мажите и го намалува ризикот од кардиоваскуларни заболувања.
Научниците веруваат дека сексуалната желба ја поттикнува циркулацијата на крв која доведува до општо подобрување на здравствената состојба.
“Само десет минути гледање во градите на “надарена” жена е еднакво ефикасно како 30 минути вежбање аеробик”, вели д-р Карен Ведерби, геронтолог. “Сексуалната возбуда го тера срцето да пумпа побрзо и ја подобрува циркулацијата. Веруваме дека ако тоа го прави постојано, просечниот маж може да живее 4-5 години подолго”, додава таа.
Научниците напоменуваат дека има уште пет начини кои можат да го продолжат животот на мажите. Тие се: да имаат често сексуални односи, да се оженат, да имаат деца, да бидат одговорни и малку да се здебелат.