Германските власти денес му предадоа на Израел 5000 лични документи, необјавени ракописи, фотографии, разгледници, на Франц Кафка. Документите ги чувал неговиот пријател Макс Брот, а се вели дека тие даваат културен и книжевен увид на периодот од почетокот на минатиот век. Кафка ги предал на Брот непосредно пред смртта од туберкулоза во 1924 година, нагласувајќи му дека треба да ги запали без воопшто да ги види или прочита.
Наместо тоа, Брот ги зачувал документите и поголемиот дел од неговите дела ги објавил како делата “Судење”, “Дворец” и “Америка”.
Документите што му биле порано вратени на Израел биле украдени од стан во Тел Авив, а германската полиција ги пронашла кога биле понудени за продажба во 2013 година.