Европското првенство во фудбал во 2024 година ќе се одржи во Германија. Така денес реши УЕФА на церемонија во своето седиште, а објави претседателот на УЕФА, Александер Чеферин.
Главниот конкурент на Германците беше Турција, но по сите анализи што ги направи УЕФА, реши дека сепак Германија ќе биде домаќин на ЕУРО 2024. Главната причина за доделувањето на организацијата на Германија е тоа што нивните стадиони се во одлична состојба и нема да треба да се одвојуваат големи средства за досредување.
На Германија ова ќе ѝ биде четврта организација на големото натпреварување, а претходно го организираа Светското првенство во 1974 и 2006 година, како и Европското првенство во 1988 година.
Првенството ќе се игра на 10 стадиони, и тоа Берлин, Франкфурт, Дортмунд, Минхен, Штутгард, Дизелдорф, Лајпциг, Келн, Хамбург и Гелсенкирхен.