Автомобилизам

Во Mansory мислат дека Maybach може да биде уште полуксузен

Префинетоста на најлуксузниот Мерцедес зад името Мајбах вклучува и повеќе коњски сили под долгата предна хауба.

Недолго по презентацијата на сеопфатно ажурираниот Mercedes-Maybach GLS, германската тјунинг компанија Mansory ја заврши работата на репрезентативна лимузина базирана на S-Class, која го претставува одговорот на Mercedes на луксузните седани на Rolls-Royce и Bentley, по сличен рецепт.

За бројните детали на каросеријата кои ја красат двобојната каросерија, користен е само јаглерод, од кој е направен масивниот заден дифузор, а овој пат Mansory се потруди да дизајнира сè заедно во дискретно пакување. Стандардните бандажи на двете верзии (S580 и S680) се заменети со нови 22-инчни бандажи со гуми 265/30 напред и 305/25 задни.

Под хаубата на Mercedes-Maybach S580, поставен е 4-литарски битурбо V8 мотор, и наместо 503 КС и 700 Nm, развива 600 КС и 820 Nm максимален вртежен момент, кој се дистрибуира на двете оски со помош на 9-степен автоматски менувач.

Во случајот на помоќната верзија (S680), придвижувана од 6-литарски битурбо V12 мотор, возачот може да смета на 720 КС и 1.000 Nm максимален вртежен момент, што е за 108 КС и 100 Nm повеќе од потенцијалот што се нуди со стандардна верзија, а на седанот долг 5,46 метри ќе биде доволно да „пука“ од 0 до 100 km/h за четири секунди.

На купувачите им се остава слобода да ги изберат боите и најквалитетните материјали за обложување на внатрешноста, каде традиционално просторот зад предните седишта е резервиран за само две лица.

Можеби ќе ве интересира

Лада Нива 6×6 – играчка за помалку богатите

admin

Mitsubishi го пензионира својот теренец Pajero за домашниот пазар

Biba

Хамилтон ја освои Големата награда на Кина

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.