Според најавите што почнаа да кружат во светот на модата, на сцена повторно се појавуваат фармерките со низок струк, кои беа актуелни на почетокот на овој милениум.
Најавата ја потврдија и од модната куќа Шанел, а папараците успеаја да ја снимат познатата манекенка Емили Ратајковски со својот сопруг облечена во вакви фармерки.
Некои од жените баш и не ги сакаат многу, затоа што ги покажуваат сите аномалии на телото. Задникот во нив воопшто не изгледа привлечно, поради тоа што визуелно го прикажуваат како помал и рамен.
Сепак, трендот на носење полека се прифаќа и старите фармерки со низок струк повторно ги живеат своите моменти на слава.
Погледнете како овој тип на облека ѝ прилега на Емили.
https://www.instagram.com/p/Bz1Am1shVZ3/?utm_source=ig_web_copy_link