Здравје

Во кој период е најлесно да се забремени

Со секој ден, се зголемува бројот на парови што се обидуваат да забременат, но тоа не им поаѓа од рака. Има многу фактори кои влијаат на шансите за забременување. Кај некои парови е потребно само време, но кај други потребни се додатни испитувања.

Доколку мажот и жената се здрави, тогаш зачнувањето би требало да се случи во период од 6 месеци на активни сексуални односи. Веќе во првиот месец од редовните сексуални односи 30% од паровите ќе забременат, додека останатите 70% би требало во рок од година дена.

Доколку во првата година не се оствари бременост, потребно е да се направат испитувања за евентуални проблеми. Многу често има ситуации кога и двата партнери немаат никакви здравствени проблеми и се плодни, туку само им треба повеќе време за да постигнат бременост.

Зачнувањето прилично зависи и од годините на мајката, додека годините на таткото не играат голема улога.

Жената најлесно забременува до 26 години, после што шансите полека опаѓаат до 35 години. После четириесеттата година способноста на жената за забременување е многу мала, а спонтано забременување по 45 години кај жената е многу ретко.

Паровите што со причина го одложуваат забременувањето, треба да бидат свесни дека со зголемување на возраста се намалува и можноста истото да го постигнат.

Експертите препорачуваат дека за зголемување на шансите за забременување мора да се менуваат животните навики што претставуваат пречка. Како пречки за забременување се наведени пушењето, неухранетоста и дебелината. Се наведува дека треба да се избегнува и консумирање на алкохол, поради лошото влијание врз плодноста.

Слични написи

Големите епидемии низ времињата што убија милиони луѓе

Biba

Треба ли да се вари свежото млеко?

admin

Колку вистински трае одморот од седум дена

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.