Ова претставува многу значаен пронајдок и воедно најголемиот дијамант пронајден на северноамериканско тло. Димензиите на дијамантот се 33,74 x 54,56 mm и е значително поголем од дијамантот откриен во 2015 година. Дијамант со оваа димензија е неочекувано откритие за Северна Америка и затоа има огромно значење.
Дијамантот го пронајдоа вработени на компанијата Diavik Diamond Mine.
Планот за дијамантот – откако завршиле сите анализи – е да се исече на помали парчиња и како такви да бидат продадени.
Вредноста на овој дијамант со 552 карати сè уште се проценува, но се знае дека претходниот со 187 карати, откако беше исечен на помали парчиња, имаше вредност од 1,3 милиони долари.