Официјалните власти на Етиопија најавија дека се подготвуваат да засадат 200 милиони стебла во еден ден и со тоа да го срушат светскиот рекорд.
Премиерот Ахмед го води овој проект со цел намалување на соголувањето на земјиштето, ублажување на климатските промени и намалување на сушите.
Според податоците на ООН, површините под шума во Етиопија се намалени од 35 % на почетокот на XX век, на околу 4 % во почетокот на XXI век.
Премиерот ја покрена акцијата на садење на стебла дрва во склоп на иницијативата “Зелено наследство”, која се реализира на 1000 локации ширум земјата.
Конечната цел е да се насадат 4 милијарди стебла дрва.
Моменталниот рекорд го држи Индија каде што 800 000 волонтери засадија 50 милиони стебла во 2016 година.