Технологија

Во Египет откриена нова комплетно зачувана пирамида

Египетските археолози открија нова пирамида стара околу 4400 години, лоцирана во комплекот на пирамиди Sakara, јужно од Киро. Одлично зачуваната гробница припаѓала на Wahtye, свештеник кој живеел во периодот на владеењето на фараонот Neferirkare од петтата династија.

Неговата гробница била украсена со прикази на фараонскиот свештеник со неговата мајка, сопруга и други членови на неговото семејство. Во гробницата има повеќе простории и 24 статуи на свешетници и членови на семејството.

Во ноември археолозите објавија дека на локалитетот Sakara откриле седум саркофази од кои некои биле постари од 6000 години. Во три гробници пронашле мумифицирани мачки и скарабеи. Некрополата Sakara е место каде што пирамидата на Џосер постара од 4600 години, доминира со целиот простор.

Предметите пронајдени во гробницата на свештеникот ќе бидат распоредени и изложени во Националниот музеј во Каиро.

Слични написи

Единаесетгодишник со изум за проблемот на заборавените деца во врелите автомобили

admin

Хрватската игра SCUM со нарачки кои достигнаа 7 милиони долари

admin

Тајланд “бомбардиран” со 900 000 семки од дрва

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.