Во Доха, Катар, официјално е претставено логото кое ќе се користи за Светското првенство во фудбал, Катар 2020.
Логото како креација носи мотиви од пустинските дини и дизајнирано е во форма на бројката 8, што го покажува бројот на стадиони на кои ќе се одржува светското првенство.
Qatar reveal their logo ahead of the #2022FIFAWorldCup pic.twitter.com/9IiiGbgxq9
— EWN Sport (@EWNsport) September 3, 2019
Претставувањето на логото привлече огромно внимание кај љубителите на фудбалот во светот и на многу места во живо се следеше преносот. Според коментарите, логото ги задоволува желбите и мислењата на вљубениците во овој спорт.
На Светското првенство во фудбал во Катар 2020 година ќе учествуваат 32 држави и ќе се игра на 8 стадиони.
Исто така, ова ќе биде првото првенство што се игра во зима и според досегашните планови би требало да започне на 21 ноември, а да заврши на 18 декември.
Првенството ќе се игра во 5 градови.