Автомобилизам

Волво ги најави моделите XC60 и V60 во хибридна верзија на Полстар

 

Последниот резултат на соработката на автомобилската компанија Волво и веќе самостојната компанија Полстар, се два нови plug-in хибридни модели кои од летото што доаѓа ќе се приклучат на веќе презентираниот хибриден модел S60 Polestar Engineered. Тоа се моделите XC60 и V60.

Рецептот на Полстар носи дволитарски, четирицилиндричен турбобензинец, кој во комбинација со механички компресор и електромотор, на возачот му испорачува 420 коњски сили и вртежен момент од 669 Nm.

Со понудениот капацитет на батеријата и без никаква асистенција на бензискиот мотор, моделите имаат автономија од 45 километри, а просечната декларирана потрошувачка на гориво е малку над 2 литра на поминати 100 километри. За пренос на силата задолжен е автоматски менувач со 8 степени на пренос.

Веќе промовираниот S60 Polestar Engineered е изработен во многу мала серија и биле распродадени за помалку од еден час.

Најавено е дека новите два модела ќе бидат изработени во поголема серија.

Верзиите од Полстар ќе се разликуваат од стандардните на Волво по неколку детали: ќе имаат различни алуминиумски бандажи и ќе бидат додадени естетски додатоци кои ќе укажуваат на Полстар.

 

Слични написи

Електрична реинкарнација на BMW од средината на минатиот век

admin

Освежениот AUDI R8 со агресивен изглед

admin

Златен волан за Škoda Kamiq: новиот SUV на чешкиот производител доби една од најважните награди во Европа

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.