Ако мислевте дека можете да возбудите и заведете маж само голи или со оскудни парчиња облека, се лажете, бидејќи мажите лесно можат да се возбудат дури и кога сте целосно облечени!
Колената на мажите може да бидат слаби при првиот бакнеж со партнерката, но и во следниве ситуации:
1. Нервите во внатрешниот дел на бутовите завршуваат во „среќната зона“ на секој маж. Започнете со допирање на колената и продолжете нагоре…
2. Во рацете има бројни чувствителни нервни завршетоци. Со прстите нежно тријте ги неговите дланки, од основата на раката до врвовите на прстите. Или, ако сте малку послободни, ставете му го прстот во уста и покажете му што е следно…
3. Одвреме-навреме заборавете на рацете: допирајте го мажот со целото тело. Свртете се кон него, погледнете го право во очи, фатете го за половината и повлечете го кон себе – особено со градите. Не го тргајте погледот од него.
4. „Случајни“, лесни допири се неверојатен афродизијак за мажите. Сепак, немојте да сте целосно очигледни во вашите намери и чекајте го вистинскиот момент. На мал простор, или во гужва, поминете покрај него така што вашиот задник ќе го допре десниот дел од неговото тело. Овој гест премногу ќе го разбуди мажот и размислува дали сте го направиле тоа намерно.