Забава

Водич за кучиња: Како да го прошетате вашиот човек

Замислете секој ден да ви ставаат каивче на врат, да ве шетаат надвор според нечие туѓо темпо, да не ви дозволуваат да одите/трчате кога сакате и да погледнете или слушнете нешто што ви го окупирало вниманието, да ве влечат постојано за врат и да ви повторуваат: Застани!, Не таму!, Остави го тоа!, Не!, Ништо нема тука!, Стој!, Мирен!, Седни!… итн. Притоа, вашите другари поминуваат покрај вас, вие се обидувате да си поиграте со нив, но ве влечат повторно за вратот да продолжите понатаму со „прошетката“. Вие, практично, немате никаква контрола над вашето движење.

Ова им се случува на повеќето кучиња кога нивните сопственици ги изнесуваат надвор да се истрчаат или да извршат нужда. Сопственикот обично отсутно чекори загледан во мобилниот телефон или ако се во парк за миленици строго ги контролира движењата и однесувањето на кучето.

Професорот по Еволуциска биологија од Универзитетот на Колорадо, Марк Бекоф, се занимава со етичкиот третман на животните, и прашањето за шетањето на кучињата го заинтересирало откако подолго време го набљудувал однесувањето на сопствениците кога со себе водат куче. Дошол до заклучок дека речиси 80 % од нив целосно го контролираат однесувањето на кучето, го влечат за каивчето да не оди ваму или таму, грубо го тргаат ако застане да продушка нешто и постојано му даваат наредби што да прави или да не прави.

Тој го објавил овој водич за кучиња со хумористичен тон за да им покаже на сопствениците каде грешат, бидејќи многу од нив не се ни свесни дека нивното однесување му наштетува на миленикот.

  1. Дозволете му на вашиот човек да се врзе со каивче за вас. Ова ќе го спречи да заталка или да избега.
  2. На вашиот човек веројатно ќе му требаат паузи. Бидете внимателни, често застанувајте и душкајте ја околината.
  3. Често лајте, бидејќи луѓето имаат краток опсег на внимание.
  4. Кога одите во тоалет тргнете се настрана. Ако правилно сте го истренирале вашиот човек, тој ќе го собере изметот по вас. Ова е и добра аеробик вежба за него.
  5. Одвреме навреме влечете го вашиот човек најбрзо што можете. Ова се нарекува интервален тренинг.
  6. Не дозволувајте вашиот човек да ја скрати прошетката. Луѓето се мрзливи. Ако е потребно, седнете во знак на протест.
  7. Откако ќе се вратите дома, дозволете му на вашиот човек да го тргне каивчето, а потоа излижете му го лицето повеќе пати. Ова е позитивно поткрепување (награда) за добро завршената работа.

Запомнете дека прошетката на кучето е за кучето, не за вас. Треба да се одвива во време кое му одговара на кучето,  а не вам и со темпо кое го налага животното, а не сопственикот. Кога сте надвор со вашиот миленик вие треба да го следите кучето, а не тоа да ве следи вас, се разбира, сè додека водите сметка да биде безбедно.

Прошетката треба да биде забавно искуство за кучето, да му овозможи адекватна вежба за телото и сетилата, што е добро и за неговото ментално здравје.

Слични написи

Еволуција на женскиот градник низ времињата

Biba

Четири луксузни куќи на богати и славни

Biba

Костим за капење од изолир лента кој повеќе открива отколку што сокрива

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.