Љубов и секс

Вистината за сексот на средовечните жени

Студија објавена во списание за сексуална медицина покажува дека 70 отсто од австралиските жени на возраст меѓу 40 и 65 години имаат ниско либидо. Бројката е повисока од очекуваната во споредба со претходно спроведените студии.

Испитаниците пополниле прашалник со информации за сексуалните активности во последните четири недели. Оценките под 5,0 се оценети како лоши кога станува збор за нивото на интерес за секс. Д-р Рози Ворсли од Универзитетот Монаш, која го водела истражувањето, истакна дека овој проблем е познат одамна, но дека бројките се изненадувачки високи.

„Тоа е нешто за што многу жени треба да бидат загрижени“, вели Ворсли.

Причината за недостаток на сексуална желба може да биде болест, лекови или разни хормонални промени, но и како и менување на ставовите за сексот со текот на времето.

Сексуалниот терапевт и советник за врски Синди Дарнел, смета дека не се работи за недостаток на уживање, туку дека потребата на повеќето жени за секс не е примарна, па дури и суштинска.

„Тоа не значи дека не сакате или не сте во можност да уживате во сексот. Тоа значи дека нема физиолошки стимул, но може да се појави подоцна, доколку почне да се практикува“, објаснува Дарнел.

На ова може да влијаат и физичките симптоми кои се јавуваат за време на менструалниот циклус – надуеноста, заморот или болката, кои ја убиваат желбата. Треба да се земе предвид и стресот, недостатокот на приватност, долгите врски, родителството. Не треба да се изостават ниту лошите сексуални искуства.

Сопственичката на најстариот секс-шоп во Австралија, Морин Метјуз, истакнува дека незадоволството од сексуалните односи после долго време може да доведе до избегнување на такви ситуации. Како жените со овој проблем да најдат решение?

„Кога ќе се мотивирате, вие сте во подобра позиција да ги промените работите на подобро“. Како кога треба да одите во теретана за да тренирате во студените утрински часови. „Првите десет минути од станувањето, облекувањето и излегувањето од станот се пекол“, објаснува Дарнел.

„Никој не го сака тој дел, но луѓето кои го прават тоа ги знаат придобивките. Истото е и со сексот“.

Related posts

Кога може да имате секс без заштита?

Biba

Секс заповеди на самосвесни жени

dart

Неколку навики кои дополнително ќе ја зајакнат вашата врска со партнерот

dart

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.