Во 21 часот вечерва (26.11.2018) по наше време, сондата на НАСА, Insight, ќе се спушти на црвената планета. Тоа е финалето од седуммесечното патување на кое сондата помина 487.773.006 километри, движејки се со брзина од 10.000 километри на час.
Овој проект припаѓа на гранката на НАСА JPL (Jet Propolsion Laboratory), и таа ќе биде одговорна и ќе го следи спуштањето на сондата со помош на падобран и ракета за успорување.
Тоа е првата мисија на Марс која ќе има за задача да ги истражи неговите длабочини.
По слетувањето, роботската рака од сондата ќе треба да ги постави сите инструментите потребни за истражување, за да може да се започне со испитување.
Сондата ќе им помогне на научниците да направат детална мапа на внатрешноста на Марс. Поради тоа што нема тркала и механизам за движење, сондата ќе оперира на местото каде што ќе се приземји.
Поедини инструменти ќе копаат до 5 метри во длабочина, а првите 3D снимки ќе бидат направени неколку минути по слетувањето.
Се планира мисијата да трае 2 години, но ако работата се одвива без проблеми може да се продолжи и понатаму.
Insight сондата има вграден чип на кој се запишани 2,5 милиони имиња на Земјани.