Астон Мартин Валхала е полното име на хиперавтомобилот произведен од познатиот британски бренд на автомобили.
Името е позајмено од нордиската митологија и претставува место каде што одат воините после смртта. Ова митско име го замени работниот назив AM-RB 003.
Валхала ќе има V6 мотор со турбо полнач и хибриден систем, и се очекува да има моќност од 1000 коњски сили.
“Имињата на нашите автомобили секогаш привлекуваат големо влијание. Тоа е затоа што делуваат на емоциите и раскажуваат приказна. По моделот Валкири, знаевме дека Валхала мора да има своја препознатливост и влијание. Нордиската митологија содржи моќен јазик и богата е со приказни”, изјави шефот на Астон Мартин, Енди Палмер.
Валхала е резултат на соработката помеѓу Астон Мартин и Ред Бул Адванст Технолоџис, а помогна и познатиот инженер од Формула 1, Едриан Њуи. Валхала ќе има тежина од 1350 килограми.
Ќе биде произведен во само 500 примероци и ќе има цена од околу 1 милион евра.