Потребни состојки:
- 1 стар багет исечен на парчиња
- 1 пакување битолска павлака од 180 г
- 2 лажици мајонез
- 1 голем кромид исечен на ситни коцки
- перца од 1 младо кромитче
- 1 чешне лук ситно исецкано
- 50 г биено сирење или пармезан
- маслиново масло
- сок од половина лимон
- 1 домат
- зачини по вкус: оригано, мајчина душичка, копар, сол, бибер
Начин на подготовка:
- Кромидот, лукот, битолската павлака и мајонезот убаво измешајте ги додека смесата не се соедини.
- Потоа додајте го маслиновото масло, сокот од лимон и зачините и повторно промешајте.
- Намазот оставете го во фрижидер за да се излади, а во меѓувреме багетот исечете го на парчиња и убаво намачкајте го со маслиново масло.
- Парчињата леб печете ги во загреана рерна околу 5 минути или додека не се заруменат.
- Додека парчињата се уште топли, намачкајте ги со намазот од павлака и одозгора изрендајте го биеното сирење или пармезанот.
- Декорирајте со сечкани перца од млад кромид и парчиња домат.