Гастрономија

Брокула и карфиол потпечени во рерна

 

Потребни состојки:

1 главица карфиол (околу 800 г) разделена на цветчиња

1 главица брокула (околу 400 г) разделена на цветчиња

1 главица лук разделена на чешниња

2 лажици маслиново масло

1/2 лажичка сол

Начин на подготовка:

  1. Брокулата, карфиолот и лукот наредете ги во огноотпорен сад. Одозгора испрскајте со маслиново масло, посолете и покријте го садот со капак.
  2. Печете во рерна загреана на 200 степени Целзиусови околу половина час. Потоа извадете го капакот, измешајте го зеленчукот и продолжете со печење уште половина час со изваден капак, со повремено промешување.
  3. Кога зеленчукот ќе омекне и ќе почне да се потпечува извадете го од рерна.
  4. Послужете го самостојно или како прилог со месо. За побогат вкус, врз врелиот зеленчук изрендајте пармезан.

На здравје!

 

Слични написи

Ледено кафе без шеќер, со необичен додаток

dart

Домашен чоколаден намаз

Biba

Пилешко “Алфредо” во рерна

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.