Oops! It appears that you have disabled your Javascript. In order for you to see this page as it is meant to appear, we ask that you please re-enable your Javascript!

Бритни Спирс се повлекува од сцената

Кликнете на копчето "Сподели" и другите да го прочитаат написот.
  •  
  •  

Познатата пеачка Бритни Спирс изјави дека на неодредено време се повлекува од сцената. Како што вели, тоа го прави за да може да се посвети на нејзиниот болен татко.

Џејми Спирс, таткото на Бритни, поминал 28 дена во болница откако пред два месеци му пукнало слепото црево.

Од таа причина Бритни Спирс го откажала своето шоу Domination во Лас Вегас.

Се очекува комплетно закрепнување на таткото на Бритни, како што таа вели – ќе се посвети на своето семејство и на напорите за опоравување на нејзиниот татко.