Забава

Британец помина 5 месеци в море и преплива скоро 3000 километри околу Велика Британија

Авантуристот Рос Еџли од Велика Британија стана првиот човек што што испливал дури 2865 километри обиколувајќи ја Велика Британија, и по 5 месеци стапнал на копно.

Овој триесетгодишен Англичанец потфатот го стартувал на први јуни во Кент, започнувајќи да плива во правец на стрелките од часовникот.

Во текот на петте месеци ниту еднаш не стапнал на копно.

Циклусот на Еџли бил 6 часа пливање, па 6 часа одмор во чамецот што го следел. Патешествието што го поминал било исполнето со борба со морските струи, убоди од медузи, болки во јазикот кој му бил разранет од солената вода.

Во текот на својот потфат изгубил 500.000 калории и изел 500 банани, кои му ја овозможувале енергијата потребна за физичкиот напор.

На средината од август го срушил рекордот за најдолго пливање поминато на отворено море, што го држел французот Беноа Лекомб од 73 дена.

Related posts

Најдобрите сопрузи се родени во овој хороскопски знак

dart

Во Јапонија е продадена најскапата туна на светот

admin

На што се должи генијалноста за сликање на Леонардо да Винчи

admin

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.