Брзо непечено колаче со путер од кикирики и чоколадо

 

Потребни состојки:

1 чаша стопен несолен путер

2 чаши мелени бисквити

2 чаши шеќер

1 чаша + 4 лажици путер од кикирики

150 г чоколадо

1 чаша = 200 мл

Начин на подготовка:

  1. Во сад помешајте ги стопениот путер, мелените бисквити и шеќерот, и мешајте да добиете хомогена смеса.
  2. Додајте го путерот од кикирики и повторно измешајте смесата да се изедначи.
  3. Оваа смеса сипете ја во тавче и убаво израмнете ја.
  4. Чоколадото заедно со четирите лажици путер стопете го и прелијте го врз колачето.
  5. Ставете го тавчето во фрижидер на 1-2 часа додека се стегне колачето и потоа исечетe го на коцки и сервирајте го.

На здравје!

 

Забрането е копирање на текстот!