Потребни состојки:
2 јајца
2 чаши шеќер
1 чаша млеко
1/2 чаша масло
2 чаши брашно
5-6 лажици мелени ореви
2 ќесички ванилин шеќер
1 ќесичка прашок за печиво
1 чаша = 200 мл
Начин на подготовка:
- Изматете ги белките со шеќерот, потоа додајте ги жолчките и продолжете со матење.
- Кога ќе добиете густа и пенеста смеса намалете ја брзината на матење и полека додавајте ги млекото, маслото, брашното, ванилиниот шеќер, прашокот за печиво и оревите.
- Кога ќе се соединат сите состојки, смесата ставете ја во намастено и набрашнето тавче и печете околу 25 минути на 200 степени Целзиусови.
- Колачето сервирајте го откако ќе се олади, а по желба може да направите глазура од чоколадо или од еурокрем, или едноставно да го посипете со шеќер во прав и со сечкани ореви.
На здравје!