Oops! It appears that you have disabled your Javascript. In order for you to see this page as it is meant to appear, we ask that you please re-enable your Javascript!

Брзо и сочно колаче од какао, без јајца и млеко

  •  
  •  

Ако ви се најавиле гости, а во фрижидер немате ни јајца ни млеко, постои начин да направите набрзина вкусно и сочно колаче и без овие две намирници. Нема да ви биде потребен дури ни миксер.

Суви состојки:

1 ½ чаша брашно

1 чаша шеќер (по вкус може и помалку)

3 лажици какао

1 лажичка сода бикарбона

½ лажичка сол

 

Течни состојки:

1 лажичка алкохолен оцет

1 лажичка течен екстракт од ванила

5 лажици масло

1 чаша вода

 

Подготовка:

Намрсете тавче од 20 см. Во сад измешајте ги сите суви состојки заедно. Во нив додајте ги течните состојки и мешајте додека не добиете хомогена смеса која ќе ја префрлите во тавчето за печење. Печете околу 35 минути во претходно загреана рерна на 180 степени. Со помош на чепкалка проверете дали е колачето готово. Ако смесата не се лепи за чепкалката, значи дека е испечено и може да го извадите. Колачето прелијте го со чоколадна глазура.

Совет плус: колачето може да се пече и во калапи за мафини, или пак во округол калап па да го направите како торта.