Oops! It appears that you have disabled your Javascript. In order for you to see this page as it is meant to appear, we ask that you please re-enable your Javascript!

Брзи тестенини со путер и пармезан

  •  
  •  

Потребни состојки:

350 грама тестенини со јајца, форма по избор

4 лажици путер

сол по вкус

свежо мелен црн бибер

1/4 чаша рендан пармезан

Начин на подготовка:

  1. Тестенините сварете ги според упатството на пакувањето, да бидат ал денте. Потоа исцедете ги од водата и вратете ги во тенџерето.
  2. Додајте го путерот и мешајте додека се стопи, зачинете со сол и црн бибер.
  3. Одозгора изрендајте пармезан и сервирајте додека е топло. По желба, декорирајте со ситно сецкан магдонос.

На здравје!