Потребни состојки:
150-180 г иситнета туна од конзерва, исцедена од течноста
2 тврдо варени јајца, ситно исечкани
3-4 лажици мајонез (може да се заменат со павлака или јогурт)
3 лажици ситно исечкан црвен кромид
2 лажици течност од кисели краставички (или 1-2 ситно исечкани кисели краставички)
1/4 лажичка копар
сол и мелен црн пипер по вкус
Состојките се доволни за 4 лица
Начин на подготовка:
- Ставете ги сите состојки во сад и убаво измешајте ги.
- Салатата сервирајте ја со леб (направете сендвичи), со крекери, чипс, на лист марула, со тостирани лепчиња или на друг начин по ваша желба. Чувајте ја во добро затворен сад во фрижидер 3-4 дена.
На здравје!